Освежувачки пудинг од лимон

Се уште не е лето, но имате доволно време да извежбате како се подготвува овој преубав десерт, за во топлите месеци да ви биде замена за сладолед. 

Потребни состојки:

4 лимони
120 гр шеќер
1/2 литар блага хопла

Подготовка:

Во хоплата ставете го шеќерот и изрендана кора од лимоните. Оставете да зоврие, но со постојано мешање околу пет минути. Внимавајте да не преврие смесата. 

Ставете сок од едниот од лимоните (останатите три зачувајте ги за лимонада). Мешајте постојано. Распоредете во садови и изладете во фрижидер. Изедете го што побргу, бидејќи рокот на траење му е околу два дена.