Освежувачка јогурт салата

Состојки:

500 гр тестенини

150 гр кашкавал

200 гр шунка Пекабеско

2-3 обварени моркови

15 кисели краставички

1 кисела црвена пиперка или печена црвена пиперка

1,5 л јогурт

200 гр мајонез

сол

Начин на подготовка:

Во посолена и помастена вода обварете тестенини. Потоа измијте ги со студена вода, додајте малку масло и измешајте. Оставете ги да изладат.

Кашкавалот, шунката, морковите, краставичките и пиперката исечкајте ги на коцки, па додајте ги во изладените тестенини.

Потоа додајте 1 л јогурт, мајонез и сол, па сè добро измешајте, состојките да се поврзат.

Наредниот ден, откако тестенините ќе го впијат јогуртот, додајте уште 1/2 л јогурт.

Салатата сервирајте ја во чинии.