Освежувачка билка која го поттикнува варењето и намалувањето на килограмите

Нането е широко распространета билка на нашите простори кое се карактеризира со специфичен вкус и мирис. Најчесто се користи како чај, а некои го користат и во исхраната. 

Тоа е добар извор на протеини, ниацин, тиамин, витамин Б6, фосфор и цинк, како и природни влакна, витамини А и Ц, рибофлавин, фолна киселина, калциум, железо, магнезиум и манган. Многу истражувања покажуваат дека нането е многу корисно во превенција и лечење на многу болести.

Го поттикнува варењето

Научниците откриле дека нанеро го намалува ризикот од проблемите со варењето, надуеноста и тврдата столица. Тоа има моќ да ја намали болката во стомакот, да ги ублажи грчевите и болката во желудникот. 

Го поттикнува слабеењето

Нането го забрзува метаболизмот и го поттикнува согорувањето на масното ткиво. Исто така, некои истражувања покажуваат дека тоа може да ја подобри физичката подготвеност и издржливост. 

Ги ублажува респираторните болести

Сите кои имаат проблеми со грип, настинки и алергии веројатно користат многу лекови за ублажување на симптомите. Чајот од нане ни нуди еднакво олеснување. Тоа ги смирува синусите и го подобрува дишењето и искашлувањето.

Моќен антиоксидант

Нането е одличен извор на антиоксиданти вклучувајќи ги и витаминот А, К, бета каротенот, витамин Ц и  Б комплекс. 

Ги смирува акните

Нането содржи витамин А кој го регулира лачењето себум кој е главен причинител за акните. Истражувањата покажуваат дека оваа билка може да им помогне на оние кои имаат проблем со акните со самото нанесување облоги на лицето од оладен чај, но и редовно конзумирање на чај од нане.