Осветениот крст во водите на Охридското Езеро го фати Мартин Гоџо

Мартин Гоџо го фати крстот што на празникот Богојавление Водици, денеска, беше положен во осветените води на Охридското Езеро.

Тој беше најснаодлив и најсреќен помеѓу стотината капачи кои запливаа во студените води на Охридското Езеро, кои утрово беа осветени со богојавленска богослуќба на која чиноначалствуваше Митрополитиот Дебарско-кичевски Тимотеј.

По положување на крстот и осветување на езерската вода, точно напладне кај месноста „Сараиште“ ќе се одржи и традиционалното свето крштевање на сите луѓе кои сакаат да се крстат.

На градскиот плоштад во 12 часот, концерт ќе одржи групата „Љубојна“, а од 9 до 15 часот во тек е традиционалната крводарителска акција, пренесуваат локалните портали.