Освен струјата, ќе поскапи и парното, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека, освен цената на струјата, граѓаните ќе се соочат и со повисока цена на парното греење.

„Заради неспособноста на власта покрај струјата ќе се покачи и цената на парното. Власта ги испразни хидроакумулациите во лето и продаваше ефтима струја, за сега кога струјата руши рекорди да увезува скапа струја. Загубата е десеткратна. Наместо да копа јаглен, власта распипуваше непотребни тендери во РЕК, а сега краде струја од Европа па плаќа пенали во милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Кога државите низ светот и регионот работеа на снабдување со гас, власта не мрдна со прст. Сега како последица на тоа има најава за зголемување на цената на парното. Власта е неспособна да менаџира со енергетскиот сектор. Државата секој ден е во се подлабока криза“, додаваат оттаму.