Еден случај на корона вирус е евидентиран во Скопје минатата недела.
Според информациите на Институт за јавно здравје има шест нови позитивни случаи на ковид-19 во перидот од 6 до 12 јануари.
По два случаја се регистрирани во Куманово и во Струмица, по еден во Скопје и во Кичево.
Во текот на 2025 година, а заклучно со 12 јануари, регистрирани биле вкупно 11 заболени лица.
„Се препорачува следење на основните мерки за превенција на ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка, обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход – како што се повозрасните лица“, нагласуваат од Институтот.
Освен корона вирус, присуден е и сезонскиот грип и вироза.