Осум загинати и седум повредени во пожар во дом за нега на стари лица во Белград

Трагедија се случи вчера во населбата Велики Борак во белградската општина Бараево каде во дом за стари лица избувна пожар при што осум лица загинаа, седум се повредени. Останатите лица биле спасени од противпожарните екипи.

„ За жал во пожарот настрадаа осум лица. Морам да кажам дека припадниците на секторот за вонредени ситуации многу агилно реагираа и спасија 13 лица. Јас сакам да испратам длабоко сочуство на сите оние кои ги загубија своите сакани во овој пожар“, кажа минисерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања Немања Старович

Според властите пожарот е подменат од лице кое престојувало во домот и страдало од психички проблеми. Според полицијата тоа лице е едно од оние кои настрадале во пожарот.

Повредените лица веднаш се пренесени во ВМА во Белград на понатамошно лекување.