Осум улици од две скопски општини утрово без вода

 ЈП Водовод и канализација извести дека за денес имаат планирано неколку интервенции во водоводната мрежи во општина Гази Баба и општина Центар.

- Поради реконструкција на водоводна мрежа Ф250мм и промена на шибер Ф250мм на улица Среќко Пужалка бр.67Б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Среќко Пужалка, Жегљане, Фуштанска, Товарник, Јужноморавски бригадии  и с.Стајковци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на активностите.

- Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Кеј 13-ти Ноември бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Истарска и Маџирмаало. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

- Поради уличен дефект ф-150 мм на ул.Периша Савелиќ 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.