
Осум пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, при што лишени од слобода биле две лица во Струга и Куманово.
Од МВР споделија детали за инцидентите.
Ноќеска во 00:30 часот во СВР Скопје, 49-годишна жена пријавила дека на 07.04.2026 околу 22:30 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг Г.Ј.(49) од Скопје, кој и упатувал и закани.
Синоќа во 21:00 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека околу 14:00 часот на подрачјето на Центар, од страна на нејзиниот поранешен сопруг Д.И.(39) од Скопје ѝ биле упатени закани.
Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена пријавила дека на 06.04.2026 од страна на нејзиниот сопруг Љ.Г.(30) од Скопје, со кого биле во бракоразводна постапка, ѝ биле упатени закани кон неа и нејзиното семејство.
Исто така вчера во 12:10 часот во ОВР Кочани, 24-годишна жена од Кочани пријавила дека на 06.04.2026 околу 21:00 часот во домот каде престојуваат била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.П..
Ноќеска во 02:40 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Р.М.(46) од Струга, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека физички ја нападнал во семејниот дом.
Вчера во 06:46 часот во СВР Куманово, 15-годишно девојче од Куманово пријавило дека била физички нападната од нејзиниот татко Ф.Л..
Исто така вчера во 13:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Г.(52) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица.
Синоќа во 20:30 часот во СВР Битола, 53-годишна битолчанка пријавила дека нејзиниот малолетен син со дрвен предмет бил нападнат од нејзиниот партнер Т.Н..
„Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, посочија од МВР.