
ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корсниците на Лисиче и Козле.
Од таму информираат дека поради поврзување од стара на нова линија на улицата Лисец бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Лисец, Горно Лисиче, Божидар Рајковиќ, Горноврановска, .Хаџи Трајко и Божин Николов Силни. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Исто така поради уличен дефект од ф -100 мм на улицата Леринска 54а, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од Леринска и неколку згради од Ловќенска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности