Осум скопски населби утре без вода - проверете дали вашата е на списокот!

ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат повеќе делови од Скопје.

Од таму информираат дека поради уличен дефект ф-600 мм на улица Борис Трајковски бб (во близина на бензинска пумпа Лукоил во Пинтија), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од:

  • Пинтија,
  • Усје,
  • Долно Лисиче,
  • Драчево,
  • Батинци,
  • Студеничани,
  • Моране и
  • Зелениково.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.