
Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре дел од корисниците во општината Центар ќе останат без снабдување со електрична енергија.
Без струја ќе бидат дел од корисниците на улица „Новопроектирана 2“, како и дел од локалите и зградите лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ (броеви 15-17) и на булеварот „Климент Охридски“.
Според најавите, прекинот ќе трае во периодот од 07:30 до 15:30 часот.