Осуденик за убиство се обеси во затворот во Идризово

Затвореник осуден за убиство денес се обесил во затворот во Идризово. Информацијата за МКД.мк ја потврди и директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ. Повеќе детали околу овој случај од таму ни најавија откако ќе биде готов целосниот извештај за настанот. 

Според првичните информации телото на починатиот било најдено околу пладне во затворот Идризово од вработени и затвореници.

Момчето било осудено за повеќе кривични дела меѓу кои и убиство.