Еден од осомничените за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски вчера бил фатен на граничниот премин Табановце.
Александар Трпковски беше во бегство и се бараше со меѓународна потерница, а вчера порталот „Скопје 1“ објави дека сам се предал на полицијата. Од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ потврдија дека лицето било фатено и дека е спроведено во затворот во Шутка.
„На 30.09.2024 на Граничниот премин Табановце бил лишен од слобода А.Т. од Скопје по чл.123 во врска со член 19 од КЗ и член 141 од КЗ и е спроведен во КПУ Затвор Скопје“, велат од МВР.
Од затворот исто така потврдиле дека од вчера утрото Трпковски се наоѓа во притвор кој му бил определен уште во 2023 година и кој стана извршен во моментот кога е најден.