„Осмомартовска несреќа“ во Куманово: Две жени возачки направија карамбол во сообраќајот

Сериозен сообраќаен инцидент на „осмомартовската вечер“ во Куманово. Со возила се судриле две жени, по што биле удрени и три паркирани возила. Двете возачки се повредени. 

- На 08.03.2026 околу 23:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Тоде Думба“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 28-годишната К.П. и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната А.Н. од Куманово, а при тоа биле удрени и три паркирани патнички возила, информираа од полицијата. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., а со телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.