Османи се сретна со амбасадорот на Јужна Кореја по повод предавање копии од акредитивните писма

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска во Скопје оствари средба со амбасадорот на Јужна Кореја, со седиште во Софија, Ли Хо-шик, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма.

-Му посакав успех во дипломатската мисија со уверување дека со своето искуство и личен ангажман ќе даде значаен придонес во натамошниот развој на односите меѓу двете пријателски земји.

Изразивме заемна подготвеност за продлабочување на билатералните односи, со посебен акцент на економската и бизнис соработката, објави Османи на својата Фејсбук-страница.

Османи исто така оствари средба и со aмбасадорот на Суверениот воен ред на Св.Јован од Ерусалим, Родос и Малта, Франческо Џусти.

-Хуманитарните и благородни мисии на Редот, преку кои им се помага на ранливите категории на граѓани се високо ценети во нашата земја, но и во меѓународните односи севкупно, напиша Османи на својата Фејсбук-страница по повод оваа средба.