Османи: Избори во Македонија ќе има во 2024 година

ВМРО-ДПМНЕ постојано бара предвремени избори, додека СДСМ не попушта, а на таа тема зборуваше и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи.

Османи утрово гостуваше во емисија на „ТВ24“ при што доби прашање за тоа дали годинава ќе има избори или тие ќе се реализираат идната година.

- Парламентарни избори во Македонија ќе има во 2024 година, заедно со претседателските, кажа Османи.