Ослободете се од овие работи ако посакувате среќа

Нашите мисли, зборови  и расположение зависат од условите во нашиот живот.

Сите би сакале да сме секогаш расположени, со позитивни мисли и среќни, но тоа не е возможно секогаш. Сепак, треба да се запрашаме што точно нè спречува во тоа. 

Ова е нашиот одговор.

Ослободете се од зависноста

Таа е корен на секое патење. Во ред е да ги сакате другите луѓе, да имате свои навики, но секоја зависност кон друга личност ја оптоварува вашата душа и ви носи немир. Сето тоа, потоа резултира со несреќа и патење.

Заборавете на самокритичноста

Во ред е да сме самокритични, тоа е здраво, но треба да забележите како се однесувате кон себеси кога ќе направите нешто што нема да биде по вашите или пак туѓите замисли. Можеби сте згрешиле, а можеби и не. Најважно е да ја научите лекцијата и да продолжите понатаму.

Ослободете се од предрасудите

Секој од нас живее свој живот и на свој начин, а многу често не знаеме што се крие под површината. Затоа и предрасудите не ни се потребни. 

Пробајте да утврдите од каде потекнува незадоволството

Ако сте постојано незадоволни, треба да утврдите од каде доаѓа тоа. Дали си имате поставено високи очекувања, за кои не преземате ништо или пак можеби се споредувате себеси со другите и мислите дека нивните животи се поубави од вашиот? Сите имаме мигови на незадоволство, но постојаното незадоволство може да ве донесе до нарушено ментално, па и психичко здравје.

Не оставајте сè за утре

Оставањето на работите за утре и постојаното одложување претставуваат голем проблем, кој кај многу луѓе носи стрес, претерано јадење, зависности и сл.

Не земајте сè при срце

Луѓето некогаш кажуваат работи кои не ги мислат, а она што го велат често е рефлексија на тоа што се тие, а не вие. Бидете смирени во секоја ситуација и понекогаш подобро е да премолчите и да продолжите напред.