Оштетен излог од заскитан куршум

Заскитан куршум ошетил стакло од излог на објект во Визбегово, информираше МВР.

Случајот во полицијата вчера го пријавил О.З. (49) од Скопје. Според него, инцидентот се случил завчера во периодот од 16 до 23 часот на улицата Јадранска магистрала.

Тогаш од заскитан проектил било оштетено стаклото од излогот. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.