Осаменоста полека ме уништува...

 

Секогаш сум била еден вид на самотник, секогаш сум знаела како да живеам сама со себе, но не знам дали е заради пандемијава или нешто друго, во последно време се чувствувам осамено. 

Без оглед дали сум во друштво или не, има едно празно чувство во мојот стомак кое постојано е тука, кое ми вели дека има празнина во моето срце, кое никако не може да се пополни. 

Чувствувам како осаменоста полека ме убива, но таа осаменост не е поради тоа што сум навикната да ги прават работите на мој начин, туку од фактот што се чувствувам неразбрано, несфатено, како животот да се случува некаде таму на друго место, а јас едноставно не учествувам во него.

Се прашувам до кога ќе трае ова и зошто баш сега ми се случува?
Дали универзумот сака да ми прати порака?

Почнувам да размислувам за моето место под сонцето и моето место во овој свет, но се чини дека никако не можам да го најдам, а можеби и нема место за мене, барем не место каде што ќе се чувствувам своја и среќна.

Можеби сум осудена да го носам ова чувство и празнина во себе.
Во моментов имам само прашања, но ниту еден одговор.