Дојде време за ручек, па доколку се уште немате идеја што вкусно да подготвите денес, ние имаме супер предлог. Ориз со печурки, спанаќ и зеленчук за одличен почеток на неделата и ручек кој е здрав, вусен и брзо се подготвува, а сите со сигурност ќе го обожаваат.
Состојки: 2 шолји ориз, 800g свежи печурки, 1 главица кромид, 500g спанаќ, зелена пиперка, црвена пиперка, жолта пиперка, масло и суви зачини.
Подготовка: Пропржете ги печурките заедно со кромидот на врело масло, а спанаќот и оризот варете ги во посебен сад.
Кога ќе завршите со нив, подгответе ја тавата за печење. Размачкајте малку масло, па ставајте еден ред ориз, еден ред печурки. Повторете ја постапката неколку пати.
Од горе додајте ги ситно сечканите пиперки, посолете и додадете зачини. Полијте уште малку масло и печете 30тина минути на 180 степени.