Нуми Рапас, која во оригиналната трилогија „Милениум“ на шведски јазик ја глумеше Лизбет Саландер, односно девојката со тетоважа на змеј, е ѕвезда на новото филмско остварување на Горан Столевски, „You Won't Be Alone“ (Нема да си сама).
Најновиот филм на Горан Столевски, натприродниот хорор филм „You won’t be alone“ влезе во официјалната селекција на Sundance Film Festival за 2022 година.
„Приказната што се одвива во 19 век во едно изолирано село со девојчето кое е украдено од својата мајка и претворено во вештерка преку древниот и променлив во форма дух е филм каков претходно никогаш не сте гледале. Впечатливата уметност и естетика го меша натрпиродниот хорор (без недостиг на крв) со поетска басна принесувајќи чувствителна медитација на животот што е неочекувано емотивна и длабоко хумана. Дури и злонамерната древна сила, создадена со патење и осаменост е контуриран карактер“, пишуваат од Sundance Film Festival.
Погледнете го трејлерот: