Оригинален италијански рецепт за тирамису

Велат дека ако сакате баш оригинален вкус на италијанско тирамису, не треба да ги заменувате состојките со други, на пример, да ставите урда наместо маскарпоне, но што се однесува до пишкотите, тешко дека кај нас ќе ги најдете оние од оригиналниот рецепт (Savoiardi), па слободно употребете ги оние што ги има.

Состојки:

Крем:

4 јајца
500 г маскарпоне
80 г шеќер (најдобро е да биде во прав)
250 г пишкоти
2 дцл јако и благо кафе
1 дцл рум
100 г какао за декорација

Приготвување:

1. Одвојте ги жолчките од белките. Во жолчките додадете прстофат сол и шеќер и матете додека смесата не се запени и не побели (ако не користите шеќер во прав матете се додека зрнцата повеќе не се чувствуваат. Додадете во смесата маскарпоне и помешајте се заедно се додека не стане компактна – по можност матете со рачна маталка. Во друг сад изматете ги белките повторно со додавање на прстофат сол. Штом пената стане компактна престанете со мешањето. Потоа нежно помешајте ги двете смеси.

2. Во поголем сад (кој може да ги собере пишкотите) помешајте ги оладеното кафе и румот. Пишкотите ставајте ги во мешавината од кафе и од рум на неколку секунди и внимавајте да не ви се распаднат и редете ги во садот. Откако ќе го прекриете дното, премачкајте се со кремот и повторувајте ја постапката се додека не ги потрошите состојките.

3. За крај ставете какао во мало сито и распрскајте по целата површина на кремот. Слободно ставете повеќе какао за тоа што тоа идеално го изедначува тирамисуто.

4. Ставете го колачот во фрижидер да се олади. Наводно, следниот ден био повкусно, но не верувам дека некој може толку долго да чека.