Општинскиот весник на Аеродром отсега само во електронска форма

Општинскиот весник „АЕРОДРОМ“ од денеска за првпат почна да излегува единствено во електронска форма. Ова е уште еден чекор кон дигитализација на општинските услуги во рамките на проектот „Смарт Аеродром“.

Општина Аеродром преминува кон современ дигитален начин на комуникација со граѓаните, велат од општината. 

Одлуката да се престане со печатење на весникот има цел не само да ги намали трошоците од општинскиот буџет, туку и да се исфрли од употреба хартијата, со што се придонесува и кон заштита на животната средина. Во најновото електронско издание на весникот се опфатени содржини од поважните активности за време на првите 100 дена од стапувањето на функција на новиот градоначалник Тимчо Муцунски.

Весникот можете да го прочитате на вашите мобилни телефони, таблети и компјутери преку следниот линк.