Општина Петровец: Ќе се гради детска градинка клон на ЈОУДГ „Авионче“ со сензорна соба

Денес, градоначалникот на Општина Петровец - Борче Митевски потпиша договор со Центарот за развој на Скопски плански регион за изградба на Детска градинка клон на ЈОУДГ „Авионче“, Петровец со сензорна соба, информираат од Општина Петровец.

-Финансиски средства за овој проект во износ од 6.000.000,00 денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа - Биро за регионален развој, додека Општина Петровец за овој проект од својот буџет треба да издвои 4.447.911,00 денари. Со изградбата на новата детска градинка која треба да прими оклу 75 дечиња, ќе се реши проблемот со недостиг на слободни места за прием на дечиња во оваа јавна установа - информираат од Општината.