Општина Кисела Вода засади 136 садници

На 24 февруари 2021 започнавме со пролетното зазеленување и рехабилитација на зелените површини и паркови во Кисела Вода. За почеток во паркот Пушкин беа засадени вкупно 90 садници, од кои 10 се црвени сливи, 71 се туји и 9 се зелени декоративни топки.

Дополнително кај потпорниот ѕид во Припор се засадени уште 20 долговечни дрва платани, во градинката Ѓурѓица во Пинтија засадени се 6 црвени сливи, а во градинката во Пржино засадени се 20 туји. Останува на нас заедно да ги одржуваме и негуваме.