Општина Кисела Вода: Стоп за насилството врз жените!

Стоп за насилството врз жените!

Денеска на Меѓународниот ден за ставање крај на насилството врз жените, сите заедно да и дадеме поддршка на кампањата на Обединетите нации, за ставање крај на насилството врз жените.

Да работиме на остварување на целта за обезбедување родова еднаквост во нашата заедница.

Да ги срушиме предрасудите, кои постојат во нашето општество и секогаш да ги охрабруваме жените, да не молчат, да пријавуваат семејно насилство, злоупотреби и секаков друг вид малтретирање.

Родовото насилство да остане само како лошо минато и да биде поука за сегашноста и иднината.

Со големо задоволство, до организациите и институциите, упатуваме благодарност за нивните активности, кои придонесуваат за спречување на насилството врз жените.

„Таму каде што жените се почитуваат, таму и на боговите им е угодено, а на местата каде што жените не се почитуваат, ниту едно дело не може да донесе плод“ - Махабхарата.