Општина Кисела Вода со финансиска помош за жртвите на семејно и родово базирано насилство

Општина Кисела Вода, ќе доделува финансиска помош на жртвите на семејно и родово базирано насилство. За оваа нова мерка како што информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе биде распишан Јавен повик и ќе гарантира целосна дискреција на жртвите кои ќе се пријават, а ќе приложат потврда дека се регистрирани како жртви на семејно насилство.

„Насилството е за секоја осуда, никој на овој свет не смее да биде жртва.  Ова не е прва мерка која ја воведуваме во насока на надминување на ваквите или слични проблеми. Претходно, во населбата Црниче, заедно со граѓанската организација ,,Крик” отворивме канцеларија за психолошко советување на жртвите од булинг, семејно или било каков тип на насилство. Кисела Вода не само што е потписник на Истанбулската Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, туку и во пракса интензивно работи на имплементација на сите нејзини постулати. Заедно сме посилни. Заедно можеме да направиме промен“, напиша Ѓорѓиевски.