Општина Кисела Вода сади дрвjа во паркот „Шопен“ и по должината на трим патеката

Градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и членот на Советот Дарко Филиповски, со садење на неколку дрва го означија почетокот на акцијата за зазеленување и намалување на аерозагадувањето.

Дрва се садат во паркот „Шопен“ и по должината на трим патеката, лоцирана покрај железничките пруги. По ова, активностите за садење дрва ќе продолжат да се одвиваат и во урбаната заедница „Расадник“ и на улицата „Сердарот“, во селото Драчево.

Садниците се донација од докажаната општествено одговорна компанија „Цементарница Усје“.

Општина Кисела Вода на „Цементарница Усје“ и упатува благодарност за донацијата.