Општина Кисела Вода објави јавен повик за онлајн работа за достава на храна и други намирници

Општина Кисела Вода објави јавен повик за онлајн работа за достава на неопходни прехранбени намирници од економски оператори и маркети кои работат на нејзината територија.

Сите заинтересирани може да се пријавуваат на електронската адреса: contact@kiselavoda.gov.mk, додека пријавата за јавниот повик, која е потребно да се пополни и испрати најдоцна до денес, до 12:00 часот може да ја симнат на следниот линк: https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Izvestuvanja/prijava-za-rabota.pdf.

Локалната самоуправа ги замолува економските оператори и маркети, заедно со пријавата во прилог да испратат и скенирана копија од ДРД образец.

Пријавите од економските оператори и маркети, по разгледувањето ќе бидат проследени до Полициските станици – Кисела Вода (Пролет) и Драчево.