Општина Карпош започнува со проектот “Субвенционирање на млади лица за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола Б категорија кај млади лица од Општина Карпош".
Општината објави јавен повик за избор на авто школи преку кои младите лица ќе може да добијат обука.
Право на пријавување имаат сите заинтересирани правни лица регистрирани во дејноста која ја опфаќа деноста на овој јавен повик.
За најповолни понуди ќе бидат избрани понудите на авто школите ќе понудат минимална цена за обука утврдена во Правилникот за минимална цена за оспособување на возачи во авто школа за следење на обуки од теоретскиот и практичниот дел на кандидатите за возачи за Б категорија, согласно минималните пресметани елементи на вредност, појаснуваат од локалната самоуправа.