Општина Карпош со еднократна помош за семејствата на загинатите во сообраќајката кај обиколница

Во рамки на 14-та седница со одлука на Советот на општина Карпош, локалната самоуправа им доделува еднократна парична помош на четири семејства, чии најблиски членови загинаа во сообраќајната несреќа на скопската обиколница, која се случи кон крајот на минатиот месец.

Општина Карпош изрази искрено жалење за овој трагичен настан и како израз на солидарност кон семејствата, им доделува парична помош во износ од 100.000 денари за секое починато лице.

Оперскиот пејач Ристе Велков (51) загина заедно со синот Адам Велков (20) и негови другари Марко Ѓорѓиевски (20) и Петар Миланов (20), откако камион ја проби заштитната ограда на скопската обиколница и заврши во спротивниот правец, удирајќи во автомобилот со кој управувал Ристе, по што возилото се запалило.