Општина Карпош со апел: Фрлајте го ѓубрето во контејнери, во спротивно ќе ве казнуваме

Општина Карпош во објава на социјалните мрежи иформираше дека во текот на вчерашнот ден затекната е оставена голема количина на картонски кутии на јавна површина, кои не биле исфрлени во садот за отпад.

„Комуналните редари од Сектор Инспекторат веднаш ги лоцираа сторителите, кои се правни субјекти и се изречени два прекршочни платни налози. Во најбрз можен рок кутиите се подигнати од страна на сторителите и локациите се исчистени. Упатуваме ОПОМЕНА до сите правни и физички лица, соодветно да го одлагаат отпадот од картонски кутии согласно Закон за управување со пакување и отпад од пакување, како што е прикажано на сликата подолу. Во спротивно ќе бидат изречени прекршочни мерки!“, се вели во соопштнието на општината.