Екипи на општина Карпош деновиве работат на решавање на долгогодишен проблем со атмосферската канализација на улица „Миладин Поповиќ“ во Карпош 1.
Поради тоа од општината Карпош испратија апел до граѓаните да не ги паркираат возилата на посочената локација.
-Ги замолуваме граѓаните да не ги паркираат возилата на посочената локација за побрзо да се санира проблемот, велат од општината.