Општина Карпош ќе субвенционира поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради и замена на азбестни кровни покривачи на куќи

Општина Карпош денеска објави Јавен повик за доделување финансиска подршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи) во општината.

Финансиската поддршка ќе биде со средства од Буџетот на Општина Карпош за 2026 година од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на уредување на градежно земјиште за 2026 година за спроведување на постапка за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош.

Во повикот што го објави Општината се посочува дека во постапката за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективното домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи) , Заедницата на сопственици /Управител на станбени згради или носителот на правото на сопственост на објектот за кој се аплицира, е должен да ја обезбеди целокупната потребна документација согласно позитивните законски прописи (проекти, одобренија).

Општината не ги субвенционира градежните работи. Финансиската поддршка ќе биде поддржана со финансиски средства од Буџетот на општина Карпош за 202 6 година, Програма за активностите на Општина Карпош во областа на уредување на градежно земјиште точка 2 ГДО -Проекти за енергетска ефикасност за спроведување на постапката за доделување финансиска подршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи), по принципот „прв дојден –прв услужен“, до исцрпување на финансиските средства предвидени во Б уџетот на општина Карпош за 202 6 година за предметната намена и тоа:

За колективни станбени објекти:

- Во висина, најмногу до 50%, но не повеќе од 300.000,00 денари од вкупниот износ на вредноста на поправка и санацијата на кровен покривач;

За индивидуални станбени објекти (куќи):

- Во висина, најмногу до 50%, но не повеќе од 100.000,00 денари од вкупниот износ на вредноста на замената на азбестниот кровен покривач.

Јавниот повик ќе биде отворен и ќе трае до исцрпување на финансиските средства предвидени во Буџетот на Општина Карпош за 2026 година за предметната намена, по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Деталите можете да ги најдете на следните линкови:

Линк до Повикот —> https://shorturl.at/bVEoo

Линк до Апликација —> https://shorturl.at/Afg95

Линк до Правилник —> https://shorturl.at/3CVkU