Општина Карпош ги затвора детските игралишта

Општина Карпош ги затвора сите детски игралишта, кои се заградени и кај кои постои можност да се заклучат. Целта е да не се собираат групи на деца и родители, а како резултат на спречување на ширење на коронавирус, соопштија од општината.

На територија на Карпош постојат и повеќе игралишта, фитнес зони кои се отворени, а од општината ги повикуваат сите граѓани да не се собираат и да не ги користат овие рекреативни зони.

Од вчера целосно се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини. За оваа цел, се интензивираат и контролите на Министерството за внатрешни работи и Армијата.