Општина Карпош двои 100 илјади денари за реализација на проекти од областа на здравјето на жената

Комисијата за реализација на програмската активност при Општина Карпош, распишува јавен повик за реализација на проекти од областа на здравјето на жената.

Имено, тоа подразбира вклучување на низа активности кои се поврзани со карактеристичните женски болести – едукација, советување, превенција и лекување.

-Проектите треба да содржат и активности кои ќе бидат насочени кон предлагање на иницијативи и стратегии, што би резултирале со подобрување на репродуктивното здравје. За таа намена, Општина Карпош од својот Буџет обезбеди финансиска рамка во висина од 100.000 денари, а јавниот повик ќе трае до исцрпување на средствата - соопштија од Општината. 

За повеќе детали, заинтересираните правни и физички лица можат да се информираат на овој линк.