Општина Илинден со поддршка за младите претприемачи

Општина Илинден објавува Јавен повик за доделување на еднократна финансиска парична помош за поддршка на младите претприемачи. Јавниот повик е согласно Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани, млади претприемачи чиј бизнис е со седиште на територија на Општина Илинден.

Износот кој Општина Илинден го доделува како финансиска помош за младите претприемачи е во висина од 6.000 денари, а барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.

- Право на учество на Јавниот повик може да оствари секое полнолетно лице со навршени најмногу 30 години живот кое ќе регистрира трговско друштво согласно закон во Централен регистар за трговски друштва и други правни лица во календарската 2023 година со седиште на територија на општина Илинден. За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk., информираат од општината.