
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски сподели дека Општината со 4000 денари ќе ги субвенционира граѓаните при набавка на нови велосипеди.
„И оваа година ги стимулираме нашите сограѓаните за поголемо користење на велосипед, со поддршка до 50% од вредноста на велосипедот, а со максимална сума до 4.000 денари по лице“, истакна Георгиевски.
Тој посочи дека за остварување на оваа мерка, Општина Илинден распишала Јавен повик на кој право на учество ќе има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден и кој ќе купи нов велосипед сметано од 02.03.2026 до 30.04.2026 година.
Сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да ги добијат во просториите на Општината и на официјалната веб страница на Општина Илинден www.ilinden.gov.mk.
Целиот јавен повик е достапен на следниот линк - https://ilinden.gov.mk/.../javen-povik-parichna-pomosh.../