Општина Илинден набави машина за пробивање на запушените канализации

Општина Илинден набави машина за пробивање на запушените канализации, објави градоначалникот на Општината, Александар Георгиевски, на официјалната Фејсбук страница.

Градоначалникот на Општината, смета дека со овој потег ќе се подобри квалитетот на комуналните услуги. 

-Во насока на навремено и брзо одржување на канализациските системи, како и подобрување на квалитетот на комуналните услуги на ЈКП „Водовод“, Општина Илинден набави машина за пробивање на запушените канализации. Со оваа набавка ќе се намалат трошоците на ЈКП „Водовод“ која досега за давање на оваа услуга на граѓаните и правните субјекти мораше да ангажира надворешни фирми - напиша Георгиевски.