Под мотото „Биди промената која сакаш да ја видиш во светот“, денеска Општина Илинден го одбележа 22 март - Светскиот ден на водата според календарот на Обединетите нации.
-Заедно со директорот на ЈКП „Илинден“, Ивица Трипуновски ги посетивме дечињата од детската градинка во н.м. „Миладиновци“, кои за овој ден имаа подготвено приредба на тема за водата, а не даруваа и со прекрасни подароци изработени од нивните вредни рачиња.
Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и здравјето на целиот жив свет, информира градоначалникот Александар Георгиевски.