Општина Ѓорче Петров воведува социјална патролна служба која ќе посетува сиромашни

Општина Ѓорче Петров воведува социјална патролна служба која ќе посетува социјално загрозени лица или сиромашни семејства на територијата на оваа скопска општина.

– Сите социјално загрозени лица или семејства од Ѓорче Петров, кои се наоѓаат во ризик како што се сиромаштија, социјална исклученост, неписменост, се жртви на семејно насилство или бездомници, може да остават контакт-телефон во месна или урбана заедница, за да им излеземе во пресрет. Идејата е општината на овој начин колку може повеќе да им помогне во решавање на проблемите и потребите на овие категории – соопштуваат од општина Ѓорче Петров.

После собраните податоци, патролната служба на терен ќе ги посети овие лица и ќе им даде соодветна помош.

На официјалната интернет страница на општина Ѓорче Петров е поставен список на урбани и месни заедници и контакт броеви на кои граѓаните може да пријават социјален ризик.

new nike air max 2019