Општина Ѓорче Петров со по 5.000 денари финансиска поддршка за 360 полуматуранти

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информираше дека денеска ги потпишал решенијата за исплата на еднократна финансиска поддршка од 5.000 денари за 360 полуматуранти од нашата општина.

„Оваа мерка ја воведуваме за првпат, како директна поддршка за учениците и нивните семејства во еден важен момент од нивното образование“, истакна Стојкоски.

Тој посочи дека мерката има јасна цел - да покаже дека Општина Ѓорче Петров ги вреднува младите, го поддржува образованието и вложува во иднината.