Општина Ѓорче Петров со 10.000 денари ќе им помага на младите за полагање за возачка

Општина Ѓорче Петров доделува субвенции од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит - Б категорија, за млади лица од 18 до 25 години. 

- Реализираме уште едно предизборно ветување, Советот на Општина Ѓорче Петров донесе одлука со која директно инвестираме во младите Ова не е само финансиска поддршка. Ова е вложување во нивната самостојност, мобилност и сигурна иднина, порача градоначалникот на Ѓорче Александар Стојкоски. 

- Во време кога секој трошок е значаен, општината застанува рамо до рамо со младите. Продолжуваме со политики што носат реална поддршка и вистинска грижа, додава тој.