Општина Ѓорче Петров објаснува: Рачното фрлање сол е единствен начин на места каде што механизацијата нема пристап

Додека комуналната екипа на Ѓорче Петров ревносно ја врши својата работа, Oпштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој обожува да се слика и на минусни температури, ѝ се потсмева и ја презира, гласи одговорот на општина Ѓорче Петров на обвинувањата дека општината потрошила пари за одржување, а резултат нема.

Општина Ѓорче Петров подготвена ја дочека зимската сезона. Секоја година, на располагање се ставаат сите расположливи ресурси од човечки кадар и механизација. Општината не располага со механизација за зимско одржување. За таа цел, секоја година се објавува повик за јавна набавка за зимско одржување на улици и патишта на територија на општина Ѓорче Петров, при што се избира најповолниот понудувач. Техничката спецификација предвидува изведувачот да има минимална резерва на 50 тони сол и минимална резерва на 50 метри кубни ризла.  Колкава количина ќе се искористи зависи од временските услови, а наплатата се врши по извршената услуга. Изминатите 48 часа расфрлени се 32 тони сол низ руралниот дел на општината, распрскани  се    12 000 литри емулзиона течност низ коловозите на територија на општината а расчистени се и снежните наноси на патот кон село Кучково. Сите патишта во општина Ѓорче Петров се проодни, велат од општината и објаснуваат дека рачното фрлање сол е единствен начин на чистење на снег на места каде што механизацијата нема пристап.

ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират со низата капитални проекти кои се релазираат во општината како и напредокот на Ѓорче Петров, стои во соопштението од општината.