Општина Ѓорче Петров наскоро ќе се всели во новата општинска зграда

Финишираат подготовките за отворањето на новата општинска зграда во централниот дел на Ѓорче Петров, објави денеска градоначалникот Александар Стојкоски. 

- Со мојот тим, моите вработени кои се најважната алка во процесите, денеска симболично го означивме селењето во новите простории со што хортикултурно го уредивме просторот околу општината. На овој начин, освен што сакаме да придонесеме за зазеленување на просторот кој е непосредно до реонскиот парк во Ѓорче Петров, истовремено целта беше да испратиме и порака за сочувување и негување на животната средина што е наш заеднички приоритет, порача првиот човек на општината. 

- Општина Ѓорче Петров наскоро ќе добие нов дом и централизирана администрација која после децении, конечно, на едно место ќе ги врши сите услуги на граѓаните, велат од локалната самоуправа.