Општина Ѓорче Петров го користи зимскиот распуст за подобрувања на условите во училишта: Се реновираат тоалети, а се врши и замена на системи за греење

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска сподели дека зимскиот распуст го користат паметно, односно за конкретни подобрувања во училишта.

Тој посочи дека целосно се реконструираат училишните тоалети во ООУ „Ѓорче Петров“. Овозможен е и нов тоалет со целосен пристап за лица со телесна попреченост.

Додава и дека се врши замена на системот за греење во спортската сала.

„Континуирано инвестираме во безбедни, достоинствени и современи услови - затоа што грижата за учениците и наставниот кадар е наша трајна обврска, не кампања. Образованието го градиме со дела. Училиштата ги унапредуваме со визија“, нагласи градоначалникот.