Општина Гази Баба ќе донира средства за семејствата на настраданите, најави градоначалникот

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес 24.11.2021 година (среда), поднесе барање до претседателот на Советот на општина Гази Баба за оддржување на седница на Советот на општина Гази Баба на која градоначалникот Стефковски предлага Одлука за доделување на финансиска помош на семејствата на настраданите во сообраќајната несреќа во Република Бугарија.

Градоначалникот Стефковски на официјалната страница на Фејсбук напиша:

“Во овие тешки моменти на жалост во Република Македонија, солидарноста и хуманоста треба да бидат водилка за сите нас. За таа цел, утрово поднесов барање до претседателот на Советот на општина Гази Баба Дијана Илиевска за оддржување на седница на Советот на која предлагам донесување на одлука за доделување на финансиска помош на семејствата на настраданите во сообраќајната несреќа во Република Бугарија. Со ова општина Гази Баба ќе се приклучи на хуманитарната акција организирана од Црвениот крст за обезбедување финансиска помош за семејствата на настраданите.”