Општина Гази Баба доби донација – дидактички материјали наменети за градинката „25 Мај“

Општина Гази Баба доби донација од дидактички материјали за работа со деца со посебни потреби, наманети за градинката „25 мај“.

Донацијата беше собрана од хуманитарниот настан што беше спроведен под мотот „Сите под еден чадор“, во организација на Дирекција за заштита и спасување и Филозофскиот факултет.

– По тој повод, градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со директорот на ДЗС, Аднан Џаферовски и деканот на Филозофски факултет, проф. д-р Ратко Дуев, денеска ја посетија градинката “25 Мај”, објект Сонце, лоцирана во Ченто и им ги предадоа материјалите, соопштија од општина Гази Баба.

Георгиевски се заблагодари што токму неговата општина ја доби донацијата која ќе биде од големо значење за оваа градинка и која ќе им ја олесниме работата на учителките и негувателките со децата со посебни потреби.

– Во изминатиот период веќе реконструиравме две детски градинки каде што дополнително обезбедивме место за 220 деца, потоа започнавме со изградба на целосно нова градинка во Стајковци, каде ќе се згрижат вкупно 140 деца. Во текот на оваа година, општина Гази Баба ќе започне и постапка за подготовка на проектна документација за изградба на сосема нови објекти во Трубарево, Синѓелиќ, Ќерамидница и Инџиково, кои ќе се реализираат во иднина, изјави Георгиевски.