Општина Гази Баба и оваа година ја реализира мерката за субвенционирање на граѓаните за стерилизација на домашни миленици.
- Општина Гази Баба, 100% ги надоместува трошоците на граѓаните, но не повеќе од 6000 денари. Ова е уште една мерка која ја реализираме како одговорна локална самоуправа во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок. Придобивките од стерилизацијата на милениците се многубројни и подеднакво важни како за здравјето на миленикот така и за околината, информираше градоначалникот на општината Бобан Стефковски.
Стерилизацијата е најдобро решение за контрола и намалување на популацијата на бездомни миленици, а истовремено се намалува и нивната агресивност.
- Објавен е јавниот повик и ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да добијат субвенции, додаде Стефковски.